Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија
Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Стефан Шенах (социјалист од Австрија) денеска и утре ќе престојува во Македонија во предизборна мисија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
Според соопштението од ПССЕ, делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други членови: Франк Ј.Јенсен од Норвешка (Народни парти), Еерик-Ниелс Крос (Естонија- Либерали), Том Пакален (Финска), Андреј Хунко (Греманија, Обединета левица). Лис Кристоферсен (Норвешка, социјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии) , ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.
Како што се наведува, делегацијата на ПССЕ има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
Ново на Сител
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
-
Сончево со умерена облачност, температури до 20 степени