Македонија
22. March 2025 - 14:42

Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 14.45 часот ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(76) од Делчево поради тоа што во индустриска зона во населбата Милково брдо во Делчево предизвикала пожар, при што била опожарена сува трева и насад со сливи.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.