Македонија
26. April 2016 - 8:32

Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија

Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Стефан Шенах (социјалист од Австрија) денеска и утре ќе престојува во Македонија во предизборна мисија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Според соопштението од ПССЕ, делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други членови: Франк Ј.Јенсен од Норвешка (Народни парти), Еерик-Ниелс Крос (Естонија- Либерали), Том Пакален (Финска), Андреј Хунко (Греманија, Обединета левица). Лис Кристоферсен (Норвешка, социјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии) , ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.

Како што се наведува, делегацијата на ПССЕ има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.