Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Дарко Костадиновски и судијата Добрила Кацарска, учествуваат на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во гарантирање на владеењето на правото“ во Софија, Република Бугарија.
Конференцијата, како што информираат од Уставниот суд, се организира по повод 35-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Бугарија.
Се одржуваат три тематски панели посветени на составот и независноста на уставните судови, почитувањето и спроведувањето на нивните одлуки од страна на другите државни органи, како и судската практика на уставните судови во услови на кризни состојби.
На настанот учествуваат повеќе од 50 претставници и делегации на уставни судови и сродни институции од 31 држава од Европа, Азија и Африка, меѓу нив свое обраќање имаа претставници на европските судски институции, меѓу кои и потпретседателот на Венецијанската комисија, Ерик Холмјвик, судии на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права.
Видеопораки беа презентирани од претседателите на овие два суда, Коен Ленартс и Матија Гијомар.
Со учеството на меѓународната конференција во Софија, делегацијата на Уставниот суд дава придонес во дијалогот за клучните предизвици на современото уставно судство, со посебен акцент на независноста на уставните судови, спроведувањето на нивните одлуки и улогата во обезбедувањето на владеењето на правото.
Конференцијата е можност и за зајакнување на професионалните контакти и соработката со уставносудските институции од Европа и целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
