Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски со група граѓани се упатија кон Свети Спас
Делегација предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и група граѓани од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се упати кон црквата Свети Спас каде ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО ДПМНЕ заедно со патриотскиот институт со овој марш сакаат да го одбележат денот на раѓањето на Гоце Делчев.
-Тоа што не разочарува и создава едно посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот и дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите можете да видите денеска во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок прв степен, хеликоптери летаат или можам да заклучам дека не само што не ги решиле, туку и ги продлабочиле, нагласи Мицкоски, додавајќи дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде за сите.
Пред црквата Свети Спас, односно пред безбедносната зона има собрано околу 500 граѓани.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина