Делев најави кривична против дополнителниот заменик-министер Николовски

Прес-конференциите на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очигледно му служат само за манипулации и ширење невистини во јавноста. Тој и денеска ја злоупотреби службената положба за пласирање лаги.
Ова го изјави заменик-министерот за економија Христијан Делев по обвинувањата на Николовски дека го ослободил агрокомбинатот „Џумајлија“ од закупнина за 5.642 хектари.
Најавувајќи кривична пријава против Николовски, Делев нагласи дека до 2006 година СДСМ наплатуваше закупнина едвај 600.000 евра, а сега се плаќа над три милиони евра годишно.
- Досега неколкупати ги демантирав лажните наводи на Николовски, но веројатно не му одговара или не сака да сфати дека нема ништо незаконски во анексите на договорите за закуп на државното земјоделско земјиште, ниту пак ослободување од плаќање закупнина, напомена Делев и објасни дека во анекс-договорите што, според него, и самиот Николовски ги објавува, децидно е наведено „закупецот е должен да почне да плаќа закупнина од 05.05.2008 година“, односно од денот кога завршува ослободувањето од плаќање закупнина дадено од министерот на СДСМ Славко Петров.
- Го прашувам Николовски, кој ги ослободувал фирмите од плаќање закуп и која влада покажа вистинска грижа за земјоделците. Неговата со шест милиони евра субвенции или коалициската предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 150 милиони евра субвенции, рече заменик-министерот за економија.
Нарушувањето на угледот на институциите и поединците со изјави кои се засноваат на непроверени информации, додаде, повлекува одговорност пред закон. - Поради тоа, веќе почнав процедура за поднесување кривична пријава за Љупчо Николовски. Законите важат за сите, па и за Љупчо Николовски, подвлече Христијан Делев.
Ново на Сител
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
