Македонија
15. August 2018 - 12:52

Делови од Центар, Чаир, Љубин и Горно Соње утре без струја

Дел од корисниците од село Љубин утре од 8:50 до 10:50 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и тоа од зградите и на потегот од број 47 до број 63 и во близина на црквата Св. Ѓорѓија, О.У. „Цветан Димов“, зградите наспроти училиштето што се водат на улица „Серава“ бр. 63Б и  бр. 85, како и потрошувачите од околните објекти во близина на О.У. „Цветан Димов“ во општина Чаир.

Во периодот од 8:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисиниците од улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 36, бр. 40, бр. 46А, бр. 46, бр. 50 и бр. 52, како и дел од корисниците од улиците „Мајаковски“, „Ѓоргија Пулевски“, „Благоја Давковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од месноста „Коштан“ во село Горно Соње.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на  „ЕВН Македонија“ АД.