Делови од Центар, Чаир, Љубин и Горно Соње утре без струја
Дел од корисниците од село Љубин утре од 8:50 до 10:50 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и тоа од зградите и на потегот од број 47 до број 63 и во близина на црквата Св. Ѓорѓија, О.У. „Цветан Димов“, зградите наспроти училиштето што се водат на улица „Серава“ бр. 63Б и бр. 85, како и потрошувачите од околните објекти во близина на О.У. „Цветан Димов“ во општина Чаир.
Во периодот од 8:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисиниците од улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 36, бр. 40, бр. 46А, бр. 46, бр. 50 и бр. 52, како и дел од корисниците од улиците „Мајаковски“, „Ѓоргија Пулевски“, „Благоја Давковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од месноста „Коштан“ во село Горно Соње.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место