Демократски сојуз: Наместо дипломатијата, говори артилеријата
Демократскиот сојуз укажува на потребата од единство без разлика на партиската, етничката или верската припадност, се со цел, во услови на војна од широки размери, да се заштитат виталните и националните интереси на Македонија и граѓаните.
Кога наместо дипломатијата, зборува артилеријата, се нарушува мирот и стабилноста, а последиците се мултиплицираат. Ние мораме да апелираме војната да запре, но паралелно да се подготвиме дека таа ќе трае подолго и да обезбедиме институциите да дејствуваат во услови на криза и повеќе од тоа.
Вонредните мерки кои се преземаа за намалување на последицте врз стандардот на граѓаните и стопанството, мора да се обмислуваат и носат со широки консултации, да се следат ефектите од истите и да се прилагодуваат во од.
Круцијално прашање е стабилноста на државата во услови кога на Балканот се раздвижени екстремистите, посебно во БиХ, Косово и Србија, а Бугарија и натаму ја блокира Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.
Затоа мораме да бидеме претпазливи и да соработуваме со нашите стратешки партнери и НАТО, а од Европската унија да бараме евроинтегративните процеси на Македонија да се одвиваат на брза лента, без одовлекување.
Единството, грижата за секое семејство, за секој човек е иманентна, нема потреба од популизам и партиска пропаганда.
Товарот на последици од војната мораме да ги понесеме сите и да се прилагодиме на можностите на државата.
Буџетот го полнат граѓаните и затоа тие имаат приоритет, но исто така, мора да функционира здравствениот систем, образованието, одбраната, да се одржува редот во државата, да течат реформите и да се сочува демократијата.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет