Демократски сојуз: Осуда за национализмот
Демократскиот сојуз најостро го осудува национализмот преку кој има обиди да се блокираат евроатланските процеси на Република Македонија.
Најавите на некои лидери на партии од албанската етничка заедница пред референдумот за Преспанскиот договор, дека сто посто од албанците наспроти македонците, се за НАТО и ЕУ и тогаш и сега се само непромислена маркетиншка манипулација, што се покажа како неточна и според излезноста на гласањето.
За влез во НАТО и ЕУ, постои граѓански и политички консензус, но екстремните националистички барања на Беса и Алијансата на Албанците, за промени во Уставот на Република Македонија, кои немаат врска со имплементацијата на Преспанскиот договор, отворат сомнеж во нивната проевропска и пронато определба и се најава за блокада на овие процеси.
Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство направија многу компромиси и отстапки на штета на државните интереси. Понатамошни отстапки можат да го срушат целиот процес и да навлеземе во внатрешни меѓуетнички недоразбирања со несогледливи последици.
Уцените и условувањата треба да престанат и да се гледаат и поддржат надпартиски и наднационални идеи за просперитет на Република Македонија, а тоа се членството во НАТО и ЕУ.
Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од сите партии, а за отворените прашања ќе има време да се дебатираат и разрешуваат.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

