Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам

Неколку илјади лица синоќа демонстрираа во Барселона против прекумерниот туризам и неговите последици врз секојдневниот живот во главниот град на шпанската провинција Каталонија, кој секоја година го посетуваат милиони посетители, пренесуваат француските медиуми.
Според полицијата, околу 2.800 лица излегле да демонстрираат под слоганот: „Доста! Да го ограничиме туризмот“, барајќи промена на економскиот модел на градот, што важи за најпосетувана туристичка дестинација во Шпанија.
Критичарите на прекумерниот туризам се најкритични за неговото влијание врз трошоците за домување – кириите се зголемија за дури 68 проценти во последната деценија – но и за неговите штетни ефекти врз локалните бизниси, животната средина и работните услови на локалните жители.
Само лани Барселона ја посетиле над 12 милиони туристи. Со цел на граѓаните да им го олесни пристапот до станови, градскиот совет неодамна објави дека сака да престане да издава туристички апартмани до 2029 година.
Од Балеарските Острови до Канарските Острови преку главните туристички градови на Андалузија, како што е Малага, во Шпанија се засилуваат движењата што се непријателски настроени кон прекумерниот туризам.
Шпанија, како втора по големина туристичка дестинација во светот, по Франција, минатата година забележа рекордни 85,1 милиони странски посетители.
Најпосетуван регион е Каталонија со 18 милиони посетители, потоа Балеарските Острови (14,4 милиони), а следат Канарските Острови (13,9 милиони).
Туризмот во Шпанија претставува 12,8 отсто од БДП
Ново на Сител
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
