Демонстрантите од бугарското Народно собрание се префрлија пред Националната телевизија
![]()
На протестот против враќањето на хартиените гласачки ливчиња во Бугарија, вечерва говореа Кирил Петков од „Промените продолжуваат”, како и високи политичари од „Демократска Бугарија” и претставници на граѓански организации, јави дописникот на МИА од Софија.
Петков најави дека пратеничката група на неговата партија в среда ќе влезе во Народното собрание, но само за да гласа за работната група предложена од нивна страна за расправа за изборните правила.
На протестот беше упатен повик и барање до бугарскиот претседател, Румен Радев, да стави вето за измените на Изборниот законик, доколку тој мине во второ гласање во Националното собрание.
По завршувањето на протестите, учесниците се преселија пред зградата на Бугарската национална телевизија поради вечерашното учество на пратеникот на Движењето за права и слободи, Јордан Цонев, во емисијата „Панорама”.
Во Варна протестот беше спроведен до општинската зграда.
Демонстрантите соопштија дека промените во Изборниот законик се посегнување во изборниот процес. Тие се изјаснија и против зголемувањето на составот на ЦИК, што според нив ќе доведе до поголема зависност на Комисијата од политичарите.
Според нив, враќањето на хартиените гласачки ливчиња е манипулација за следните избори. Тие побараа гласањето да не биде мешано, туку само со машински.
Протестот во Варна мина мирно, без тензии.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, измените во Изборниот законик предвидуваат мешана форма на гласање со машински и хартиени гласачки ливчиња, што на прво читање го поддржаа партијата на Бојко Борисов, социјалистите на Корнелија Нинова и поранешниот премиер Стефан Јанев, како и за Движењето за права и слободи на Мустафа Карадај.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
