Демпси: Западен Балкан повторноо е во хаос

Западен Балкан повторно е во хаос, но за тоа не може да се обвинува Европа, туку локалните олигарси кои ја поткопуваат демократијата, изјави Џуди Демпси од Каренги центарот за Европа.
- Западен Балкан повторно е во хаос и не можете за тоа да ја обвинувате Европската унија, бидејќи за миг го сврти погледот затоа што имаше други прашања. Западен Балкан, пред се припаѓа на луѓето од Западен Балкан и барањето на помош е во ред, но тука мора да има некаков реципроцитет, а локаланите олигарси кои го водат Западен Балкан ја еродира волјата за реформи и ја поткопува демократијата, додека цивилните општества се обидуваат да ги вратат на патеката, посочи Демпси во интервју за Радио Слободна Европа
Таа наведе дека игнорирањето на обидите на Русија, на Кина и на Саудиска Арабија да влијаат на случувањата во европскиот двор беше кратковидно, бидејќи станува збор за безбедноста на Европа.
На прашањето како исходот од германските избори ќе влијае врз процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, Демпси истакна дека германската канцеларка Ангела Меркел е „прилично заинтересирана за интеграцијата на Западен Балкан“.
Таа додаде дека на цивилните општетства им е потребна помош од сите земји-членки на Европска унија.
- Потребно е повторно да се размисли како да им се возврати на олигарсите и како да се оживее вербата во демократизацијата и цивилното општество, потенцира Демпси.
Таа осврнувајќи се на политиката на идната германска влада кон Русија наведе дека идните партнери на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Слободни демократи се прагматични, додека Зелените се залагаат за поостар курс кон Москва.
- Досието Русија е во канцеларијата на Ангела Меркел и таа ќе ја одреди агендата, истакна Демпси
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
