Ден на граѓанските организации
Креативни работилници, разговори, едукативен квиз, комуникација на знаковен јазик, натпревар во пакување ранец, врзување јазли, поставување шатор, укажување прва помош, облекување униформа од уличните продавачи на списанието „Лице в лице“ и негово продавање списанието, ќе бидат само дел од 30-тината настани што ќе се одржат денеска во паркот „Ибни Пајко“ и на платото кај споменикот на Скендербег во рамки на вториот „Ден на граѓанските организации“ што го организира Цивика мобилитас.
На настаните што ќе се одвиваат паралелно на двете локации, посетителите ќе имаат можност да се информираат за граѓанските организации, нивните залагања и постигнувања, како и активно да се вклучат во денешните активности.
Официјалното отворање на настанот ќе биде во 12 часот, а по овој повод ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин

