Дендиас доаѓа во Скопје, ќе се направи евалуација на спроведувањето на Преспанскиот договор

Шефот на дипломатијата на Грција Никос Дендиас кон крајот на месецот доаѓа во посета на Северена Македонија, при што ќе се направи и евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, а ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на нашата евроинтеграција, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Сметам дека е важна посета, повратна после мојата во Атина и зборува за интензитетот на комуникацијата на високо ниво што е одраз на добрите билатерални односи меѓу нашите држави коишто се и повеќе од само имплементирање на Преспански договор, бидејќи Преспанскиот договор предвиде создавање на стратешко партнерство меѓу нашите две држави и ние тоа во континуитет го градиме и го подобруваме и во политичкиот и во економскиот контекст, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во МНР со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Посочи дека во МНР е формирана работна група за следење на имплементацијата на Преспанскиот договор вклучувајќи и координатор и тековно се следат на неделна основа нашите обврски.
– Тоа не се само обврски од членот 8 кои произлегуваат во промена на ознаките, таблите итн., туку и во делот на Комисијата за заштита на трговските марки што е многу важно прашање, бидејќи колку побрзо ќе се реши прашањето за трговските марки толку ќе бидеме можеби во подобра позиција во однос на заштитата на трговски марки или, пак, во однос на Комисијата за образовни прашања. И четвртиот дел е секторската соработка која исто е предвидена во рамки на Преспанскиот договор, рече Османи.
Предвидено е на средбата со Дендис, наваде Османи, да се направи и евалуација на степенот на имплементација во однос на обврските што ги има и државата, меѓутоа и што ги има Република Грција.
– Планираме посуштински и посистематски да влеземе по однос на сите прашања со цел да направиме еден пресек на степенот на реализација, меѓутоа се разбира и другите прашања ќе ги отвориме, пред се поддршката во однос на европските интеграции и се разбира секторската соработка во контекст на стратешкото партнерство, изјави министерот Османи.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
