-->
-->
Денеска е Преподобен Максим Исповедник
-->
Денеска е Преподобен Максим Исповедник.
Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло. Во младоста се здоби со врвно образование беше најголемиот философски ум на своето време. Едно време служеше како императорски секретар, а потоа ја напушти службата и се повлече Хризополскиот манастир до Халкидон.
Наскоро, неговото име неоделиво ќе се врзе за православната борба против монотелитската ерес. Заради своето тврдо исповедништво ќе биде осакатен и ќе умре в затвор, во 662 година. Неговото дело правилно го оцени шестиот вселенски собор, одржан во 680 година. Од него ни останаа многу значајни дела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари