Денеска е Преподобен Спиридон Чудотворец, лекар и заштитник на крупниот добиток
Преподобен Спиридон Чудотворец
Лекар и заштитник на крупниот добиток
На Никејскиот собор св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.
Именден празнуваат: Спиридон, Спиро...
На 25 (или според стариот календар на 12) декември Светата православна црква го празнува споменот на свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.
Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на св. Спиридон Чудотворец. Во Радовишко на пр. каде што го викале св. Шпиридон чудотворец бил еснафски празник на кондураџиите, самарџиите и шарлаганџиите. На денот на светецот овие еснафи во црквата носеле чинија (бљудце) со жито и проскури и оделе по визита. Спиридон, според верувањето во овој крај, бил чудотворец затоа што кога стиснал ќерамида протекла вода. Жените го празнувале за здравје и среќа во работата на своите мажи.
Легендата раскажува дека св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор кога за да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.
Во пиринскиот крај св. Спиридон се сметал за покровител (заштитник) на коњите и крупниот добиток. Затоа тој ден рано наутро жените раздавале обреден леб за здравје на овој добиток. Притоа тоа го правеле трчајќи за добитокот да е здрав и пргав. Кога сме кај култот на св. Спиридон во овој крај да споменеме и тоа дека според една вест објавена во весникот „Пирински вести“ од 10. И. 1943 година овој ден бил свечено празнуван од здружените занаетчии кои го зеле за свој патрон. Тогаш имало служба во црквата „Свето Благовештение“ и било осветено новото знаме на здружението.
Во Охрид св. Спиридон бил патрон на кондураџискиот еснаф, а според записот на М. Цепенков тој св. Наум и св. Андонија имаат задача „да ги лекуат улаите“.
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп