Македонија
26. September 2015 - 8:44

Денеска е Претпразненство на Крстовден

Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.