Денеска е Св. апостол и евангелист Јован Богослов
Еве еден цврст столб на Црквата Христова. Духовен орел што ги достига најголемите височини на богопознанието. Евангелист што ги достига најголемите длабочини на човечката природа. Прв меѓу богословите. Прв меѓу проповедниците на љубовта. Тој е оној кого Христос го нарече син на громот, и тоа не заради неговата телесна жестокост, туку заради огнот на божествената љубов што непрестано пламти во него. Откако беше повикан, овој просто се залепи за својот Спасител и присуствуваше на најважните настани од Христовиот живот. Остана заедно со Богородица под Христовиот крст и кога сите други апостоли се разбегаа. По Христовото воскресение ја чуваше Богородица се до нејзиното успение. Потоа се настани и Го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос во Ефес, на егејскиот брег на Мала Азија. Единствен од апостолите умре со природна смрт, кога имаше повеќе од 100 години, во Ефес. Го напиша четвртото Евангелие, три апостолски посланија и Откровението. Сите тие книги се дел од канонот на Новиот завет.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд