-->
-->
Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски
-->

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога.
Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето.
На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор.
Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост.
Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји.
Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
