Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
Со денот на славата се поврзани бројни обичаи, а дел од нив се однесуваат и на вечерта што му претходи на овој ден.
Според христијанското верување, Свети Никола е голем чудотворец, од чии мошти постојано тече свето миро кое се користи за лекување и олеснување на болестите.
Свети Никола е познат и како заштитник на морепловците, бидејќи, според преданијата, спасувал бродови што биле заглавени или изгубени на море.
На денот посветен на овој светец, бродовите каде и да се наоѓаат го спуштаат сидрото и мируваат до наредниот ден, оддавајќи му почит. Во пресрет на празникот, пловилата накратко застануваат, морнарите се молат, а потоа го продолжуваат патот.
Се верува дека Свети Никола со својата чудотворна моќ им помага на сите што му се обраќаат со искрена молитва, било да се соочуваат со болест, телесна немоќ или душевна болка.
Покрај обичаите што се практикуваат на самиот ден, постојат и традиции што се почитуваат претходната вечер. Стар народен обичај налага домаќините уште ден порано да започнат со подготовките за гостите, но дозволено е само подготвување на храна, додека другите домашни работи не се вршат ни ден пред, ни ден по славата.
Бидејќи празникот паѓа во време на Великиот Божиќен пост, на трпезата задолжително се служи посна храна, а мрсните јадења се строго забранети.
Во одредени краишта е сочуван и обичајот децата да се даруваат со мали подароци, затоа што Свети Никола се смета и за нивен заштитник. Ако децата биле послушни и добри, мал знак на внимание ќе ги израдува нив, ќе донесе радост во домот, а според народното верување – носи и благослов.
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
