Денеска ќе се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово.
Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија. Маратонците беа промовирани пред јавноста во четвртокот, а вчера организаторот ги запозна со деталите околу 25 километарската патека.
Стартот беше најавен за во 10 часот, но поради временските услови и најавата од ветер околу 11-12 часот, организаторот најави можна измена, односно маратонот да почне половина час порано.
Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот. Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
