Денеска нов протест за скандалот на Онкологија
Преку соопштение на социјалните мрежи, неформалната група „Протест против убиствата на Онкологија“ најави нов протест за денеска во 18 часот и ги повикаа граѓаните да излезат вечерва пред Владата.
„Повторно, ве повикуваме на протест в понеделник пред Владата заедно во еден глас да ги искажеме гневот и револтот против целиот криминал што со години тлеел на Клиниката за онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жртвите мора да има!“, се вели во повикот.
„Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здравство, како што се претходните министри, кои влијаеле за забошотување на случаевите.
Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболираат инволвираните од нивните злосторства доколку ние тоа не го дозволиме“, се додава во повикот објавен на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп