Денеска продолжуваат меѓупартиските преговори за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј е под притисок на сопствената партија да одреди јасен датум за нејзино заминување, пишува весникот „Гардијан“.
Денеска продолжуваат преговорите меѓу владините министри и лабуристите, во атмосфера на очигледно ограничени очекувања за пробив, со оглед на тоа што политичкиот фокус најверојатно ќе се насочи кон обновените напори на конзервативците да ја отстранат Тереза Мај од Даунинг стрит 10, коментира весникот.
Денеска ќе заседава и Комисијата 1922, која ги претставува конзервативните пратеници, а со состанокот ќе претседава претседателот на Комисијата Греам Брејди, кој планира да и каже на премиерката дека треба да поднесе оставка пред крајот на јуни. Еден од умерените пратеници изјави дека е „нормално и логично Брејди да и предложи на Тереза Меј да си замине од функцијата“.
Разговорите беа прекинати пред католичкиот Велигден, а лабуристите изјавија дека од Владата се уште не слушнале можен компромисен план за Брегзит. Партијата се уште го знае само времето и местото на денешните разговори, но не и агендата или евентуални нови предлози
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата