Денеска се вакцинираше претседателот Стево Пендаровски
Во здравствена установа во Куманово денеска против Ковид-19 се вакцинираше претседателот на државата, Стево Пендаровски.
После вакцинацијата Пендаровски изјави дека решил да се вакцинира во друг град во Македонија за да ги разбие шпекулациите и дезинформациите дека едни вакцини се давале во Скопје, а други вакцини се давале низ другите градови.
„Јас сакам, на 8.06 кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж. Треба што побрзо да го направат тој чин затоа што е добро што побрзо да се вратиме во нормала и во приватните животи и во она што е професија“, рече меѓу другото во изјавата по вакцинирањето претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско