Кошарка
12. December 2022 - 13:45

Денис Шредер: Леброн сака да игра уште 5-7 сезони и да заврши на 45 години

Плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер, во интервју за германските новинари раскажа колку сезони сака да помине неговиот соиграч Леброн Џејмс во НБА-лигата пред да се пензионира.

– Леброн ми кажа дека сака да игра уште 5-7 сезони и да заврши на 45 години, рече Шредер.

Триесет и седумгодишниот Џејмс ја игра својата 20-та сезона во НБА. Тој започна да игра во лигата во 2003 година.

Во тековната сезона Џејмс има просек од 26,2 поени, 8,5 скока, 6,3 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.