Денот на Републиката одбележан во Тетово

Со интонирање на државаната химна, едноминутно молчење за сите загинати за Република Македонија и полагање букети цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово повеќе институции, здруженија и организации го одбележаа македонскиот национален празник Илинден – Денот на Републиката.
На чествувањето организирано од општинската организација на Сојузот на борци од Тетово, претседателот на организацијата Јоцко Димитриески истакна дека Илинден 1903 и Илинден 1944 се дел од историјата на македонскиот народ како судбоносни датуми со кои народот се препознава и кои ја определуваат неговата иднина.
- Во првиот случај на овој ден 1903-та година се крена Илинденското востание што заврши со трагичен и крвав пораз, но истовремено тогаш со создавањето на Крушевската Република победи македонскиот дух и свеста за неговата посебност и потреба од своја држава. Републиката траеше само 10 дена по своето историско значење е голема како прва демократска држава со републикански карактер на Балканот. Вориот датум е за Првото заседание на АСНОМ кога е остварено сето она за што намачениот македонски народ мечтаел и сонувал низ вековите и за што гинеле многу негови синови и ќерки, рече Димитриески.
Додаде дека иако имало многу обиди АСНОМ да се минимизира никој не може да ја промени историјата и да ги оспори фактите дека на 2-ри август 1944 година е создадена современата македонска држава.
- АСНОМ е голем и по демократските одлуки кои и ден денес се актуелни и на кои можат да им позавидат и многу модерни држави. Денес кога овој празник свечено се прославува низ целата територија на Македонија мораме уште еднаш да потсетиме дека патот на младата македонска држава е втемелен врз принципите на АСНОМ и оти Македонија мора да остане на тој пат започнат со светите идеи на двата Илиндена, рече Димитриески.
На чевствувањето на двата Илиндена и Денот на Републиката во Тетово присутвуваа делегации од општина Тетово, гарнизонот на АРМ предводена од комнадантот потполковник Гоце Филипоски, Сојузот на борци од Тетово, претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО – НП, здруженијата на пензионери, воено - полициски резервисти, резервните офицери, Бедем, Македонски херои и Здружението на Срби и Македонци КУД Бранко Чајка.
Ново на Сител
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
