Фор дер Лајен: Не советувам планирање на летниот одмор

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека поради пандемијата на коронавирус треба да се почека со планирањето летен одмор.
– Советувам да почекате со таквите планови. За јули и август се уште никој не може да даде сигурна прогноза, рече Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.
На прашањето во однос на одлуката на германската Влада да им се издаваат на луѓето бонови како противвредност на патувањата кои поради пандемијата се откажани, таа одговори дека тие, правно гледано, имаат можност да бираат дали да им се вратат парите или да добијат бонови.
Сепак, таа ги повика клиентите на туристичките агенции, кои немаат финансиски проблеми, да се откажат од своето право.
– Во оваа криза, потребна е солидарност на сите. Ако некој е финансиски во можност да не побара враќање на средствата, туку ќе земе бонови, тогаш тоа ќе биде добро за туристичките агенции да ги надминат тешките недели, рече Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
-

Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
