-->
-->
Десет мртви во пожар во станбена зграда во Кина
-->
Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV.
Според телевизијата, причина за пожарот што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник.
Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со чад, но нивните животи се надвор од животна опасност.
Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена, откако во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг загинаа 38 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За еден месец ќе проработи онколошката амбуланта во ГОБ „8-ми Септември“, за акцелераторот треба време
-
Се бара одземање на лиценцата на 2 друштва за игри на среќа
-
Ахмети осамен во идејата за меѓуетничка платформа
-
Избори во САД
-
Преглед на вести од светот
-
Ангелов: Непристапниот терен е голем проблем при гаснењето
-
Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите
-
Тема на денот со Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми