-->
-->
Десет најсмешни телевизиски ликови
-->
Порталот Ранкер објави анкета за најсмешни ТВ ликови, на која првото место му припадна на Питер Грифин од цртаниот филм „Семеен човек".
Сепак, мала е разликата меѓу Грифин и Ерик Картмен од „Саут Парк", кој се најде на второто место.
На трето место е бебето Стиви Грифин, исто така од „Семеен човек", додека пак, Хомер Симпсон е едно место подолу.
За неанимираните херои, се чини, нема место на врвот на листата, па така, Шелдон Купер од ТВ серијата „Бубалици“ заврши на петтото место.
По него следуваат Фил Данфи од „Модерно семејство", детективот Џејк Пералта („Бруклин 9-9"). Стерлинг Арчер („Арчер"), Чарли Кели („Секогаш е сончево во Филаделфија"), и на десетто место се наоѓа Реј Холт од „Бруклин 9-9".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција