Десет претстави на 19. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2017“

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ годинава за наградата „Гран при“ обезбеди 10 најнови монодрамски остварувања на актери од Естонија, Хрватска, Русија, Холандија, Полска, Израел, Словенија, Германија и од Македонија.
НУ Центар за култура-Битола, организатор и домаќин на фестивалот, е подготвен за најновото издание во кое ќе биде понудена програма во и надвор од конкуренција, силен натпревар и многу дружење меѓу актерите и публиката, најави денеска Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.
- Од 5 до 9 мај ќе го славиме театарот, ќе ја славиме уметноста, се што е убаво во монодрамата. Програмата во официјалната конкуренција е одлична и има 10 претстави, а за најдобрата монодрама ќе одлучува интернационално жири предводено од режисерот Емре Ердем од Турција, а ќе му помагаат Полет Смит актерка од Холандија, Нина Мазур од Германија, Игор Џамбазов и Атила Клинче од Македонија. Според востановената традиција, на отворањето на фестивалот ќе биде изведена претставата „Брачна игра“ со Игор Џамбазов и Весна Петрушевска во главните улоги, а на затворањето во чест на наградените ќе биде приреден концерт на театарска музика од композиторот Горан Трајковски, истакна Димитровски.
Според селекторот на фестивалот, актерот Петар Мирчевски, на сцената ќе бидат изведени монодрами од светски познати автори како што се Достоевски, Марина Цветаева, Владимир Набоков, Владан Десница, како и најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски.
- Фестивалот е се поквалитетен, а верувам дека догодина или во годината на јубилејот ќе има уште повеќе претстави. За жал, заради ограничено време за одржување на фестивалот, повеќе апликанти беа одбиени, но критериумот - висок квалитет беше единствен во изборот. Годинава во конкуренција се и две македонски монодрами, „Лолита“ која ќе ја изведе битолскиот актер Александар Димитровски и „Бог е жив“ која ќе ја изведе Драгана Босниќ, проект поддржан од Град Скопје е МНТ, истакна Мирчевски.
Интернационалниот фестивал на монодрама секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Трамп: Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е лошо за британското кралско семејство
-

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
