-->
-->
Десетици илјади Иранци на погребот на Раиси во Техеран
-->
Десетици илјади Иранци се собраа утрово во центарот на Техеран за да му оддадат почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа.
Луѓето се собраа околу зградата на Универзитетот во Техеран, каде што врховниот лидер на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, ќе ја води молитвата на погребната церемонија.
Раиси и уште седум лица загинаа во неделата. Меѓу жртвите беше и шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан.
Хеликоптерот со Раиси се урнал додека се враќал од провинцијата Источен Азербејџан. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот