-->
-->
Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија
-->

Здравствените власти во Велика Британија истражуваат десетици необјаснети случаи на акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб. Случаите се претежно кај деца.
Слични случаи на хепатитис кај деца се пријавени и во САД и Шпанија. Некои од заболените деца во Велика Британија биле толку болни што морале да бидат подложени на трансплантација, соопшти британската Агенција за здравствена безбедност. Иако хепатитисот (А, Б, Ц, Д и Е) е предизвикан од вируси, ниту едно од децата не е заразено со вирус. Потенцијалните компликации на хепатитисот вклучуваат откажување на црниот дроб и смрт, а трансплантацијата на црн дроб најчесто се користи за лекување на краен стадиум при откажувањето на органот, објави списанието за детско здравје, „Стенфорд“.
– Зголемувањето на бројот деца со воспаление на црниот дроб е загрижувачки, вели д-р Рејчел Тејлор, педијатриски гастроентеролог во Кралската детска болница во Глазгов.
Тејлор и нејзините колеги ја проучуваат оваа појава. Симптомите вклучуваат повраќање, болки во стомакот, жолтица, темна урина, бледа столица, чешање на кожата, вкочанетост на зглобовите, болки во мускулите, треска, гадење, летаргија и губење апетит.
Причината за овие случаи на хепатитис останува непозната, но лекарите се сомневаат дека тоа може да е заразен патоген или внос на контаминирана храна, пијалак или допир со контаминирани играчки, се вели во извештајот.
Според некои стручњаци, болеста може да биде поврзана и со нов сој на Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
