Десетици повредени при тепачка во бегалски камп во Грција
Десетици бегалци се повредени минатата ноќ при тепачка меѓу група мигранти од Авганистан и Пакистан во бегалскиот камп Морија на осторовот Лезбос, јави дописникот на МИА од Атина,
Локалните власти соопштија дека поголем дел од повредените биле третирани од страна на медицински персонал на невладини организации, додека тројца морале да бидат хоспитализирани.
Причината за судирите се уште не е позната.
Според некои информации, пакистански мигранти ги обвиниле Авганистанците дека користат „мафијашки методи“ за да го контролираат кампот во Морија, додека Авганистанците ги обвиниле Пакистанците за кражба и сексуално вознемирување.
При судирите избувнал и пожар кој брзо бил ставен под контрола. Стотици луѓе, претежно арапски бегалци со своите семејства, го напиштиле кампот од страв за нивната безбедност.
При инцидентот се уништени неколку шатори во кои биле сместени бегалците.
Судирите се смириле дури откако во кампот интервенирале припадници на грчката полиција.
Полицијата и претходно предупредуваше дека во областа има мал број полицајци кои не можат да се справат со големиот број бегалци. Локалните жители, исто така, изразија сериозна загриженост дека ситуацијата е вон контрола.
Тепачките се честа појава во кампот Морија, каде во моментов се сместени околу 3.000 мигранти кои се во очекување да бидат вратени во Турција, врз основа на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегласкиот прилив кон Европа.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис