Десетмина загинати во воздушен напад во Тиграј
– Десет лица загинаа, меѓу кои и деца, во воздушен напад на етиописката армија врз главниот град на областа Тиграј, изјави еден лекар.
Меѓународните повици за прекин на огнот не беа прифатени бидејќи борците од етиопската влада и нејзините сојузници се борат против силите во Тиграј кои долго беа доминантни во националната влада пред да бидат сменети од премиерот Аби Ахмед.
Илјадници луѓе се убиени во Етиопија за време на речиси едногодишната војна и започна најтешката криза со глад во последните десет години.
Портпаролот на владата изјави дека целта на новиот воздушен напад било место во главниот град на областа Тиграј, Мекеле, кое ги користи силите на Тиграј за производство и поправка на оружје.
Тој рече дека тоа е дел од комплексот на компанијата „Мефсин“ за индустриско инженерство, која исто така беше погодена минатата недела.
Портпаролот на Тиграј демантираше дека е погодена воена цел, наведувајќи дека станува збор за цивилна резиденција. Тој рече дека меѓу загинатите има и три деца.
Порeнешниот директор на болницата „Ајдер Реферал“ во Тиграј, Хајел Кебеде, изјави дека загинале 10 лица, а 21 се повредени и дека очекува бројот на загинатите да се зголеми.
Владата на Етиопија тврди дека најновите воздушни напади се ограничени на воени цели, но силите на Тиграј велат дека биле нападнати цивилни цели, вклучувајќи фабрики и клиника, и дека меѓу убиените има најмалку три деца.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените