Детали за хоророт во Гевгелија: Ја оставил да лежи во локви крв во црква

Вистински хорор се случи завчера во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија каде монструм ја давел несреќната домарка која помагала, со врвка од патика. Непознат насилник, како што вчера информираше полицијата, од 15 до 15:30 часот се обидело да ја убие 64 годишната Загорка Б. од Гевгелија.
Како што дознава Дневник, насилникот дошол во црквата каде жената помагала и ја давел и ја тепал пред олтарот, најсветото место во црквата. Додека таа го чистела иконостасот, тој и пришол од зад грб. Свештеникот Љупче Миланов кој ја нашол жената, вели дека лежела во локва крв. Сликата била ужасна. Целиот тепих бил со нејзината крв, испрскани биле и плочките.
Свештеникот за Дневник вели дека жената била добродушна и побожна, чистела кога никој немало во црквата бидејќи не сакала да им пречи на верниците. Секогаш помагала и била пристојна. Според него, насилникот веројатно доаѓал и претходно во црквата а Загорка му варела кафе, бидејќи таа била услужлива со сите.
Најверојатно Загорка долго време лежела во болки пред да падне во безсознание.
Засега не е познато зошто насилникот го направил крвавиот инцидент. Жената сега се наоѓа во болница.
Полицијата трага по монструмот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
