-->
-->
Детали за сообраќајката кај Хубо - Тинејџер се бори за живот!
-->
Две лица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 20 часот се случила спроти Хубо маркетот кај „Александар Палас“.
До несреќата дошло при судир на автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 61-годишниот С.К. и мопед „апаче“, кој го управувал 18-годишниит А.А.
Во несреќата тешко повредени се младото момче и 18-годишната сопатничка Н.В.
Тинејџерот А.А. е пренесен во Ургентниот центар, каде по укажаната првична лекарска помош е пренесен на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност.
Неговата врсничка, која исто така има тешки повреди, била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде е задржана на понатамошно лекување.
Полициски екипи и јавен обвините извршиле увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ