Дете (7) заробено во тело на старец: Неговите очи се полни со солзи, а има само една желба
Седумгодишниот Мухамед е роден во Сирија и боледува од тешка генетска болест поради која изгледа како остарен човек.
-Сакам да бидам убав како и останатите деца и да одам во училиште, рече Мухамед и низ солзи додава дека другите деца многу ги задеваат.
Откако излезе во јавност неговата приказна, се појави Хусеин Манавер, идниот прв муслимански астронаут од Британија, кој посака на било која начин да му помогне на малиот Мухамед.
-Штом го видов посакав да му бидам близок, да му бидам пријател на некој начин. Посакав да му кажам колку е посебен, раскажува Хусеин.
-Приказната на Мухамед не е само приказна за дете заробено во тело на старец туку приказна за мигрантите. Неговото семејство побегна од Сирија во Турција, тие немаат пасоши и не можат да го лекуваат ниту да дознаат од што кнкретно боледува детет. Ги исфрлиле од станот зошто немале пари за кирија. Едвај им помогнавме, раскажува тој.
Хусеин со помош на невладините организации покрена акција за собирање на пари за Мухамед и неговото повеќечлено семејство. Му пронајдоа нов дом, но тука нема да запре битката за помош на ова семејство.
Погледнете го видеото:
(Telegraf.rs)
Ново на Сител
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право