-->
-->
Дете боледува од ретко пореметување: Главата одеднаш неконтролирано почнала да му расте!
-->

На двегодишниот Емон, момче од Бангладеш, главата му е тешка дури 9 килограми поради ретката болест која страда.
Според зборивите на неговите родители, главата на момчето при раѓањето била со нормалан големина, но подоцна станала енормно голема.

Момчето не може да зборува, ниту да ги движи екстремитетите, што значи дека родителите мораат да се грижат за него, пренесува Дејли Меил.
Никој од локалните лекари, на кои им се обратиле, не успеале да утврдат за каква болест станува збор.

Сепак, како што дознале подоцна, на Емон му е дијагностициран хидроцефалус, што предизвикува собирање на течност во черепот и предизвикува оштетување на мозокот.
Хидроцефалусот се јавува кога `рбетот на бебето не се развива правилно во мајчината утроба.

Лекувањето е можно, но на современите клиники, за каде овие родители немаат услови да платат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
