Македонија
12. March 2023 - 16:18

Детектор: Секој трет граѓанин му дава „единица“ на јавното здравство во Македонија

Силна двојка или 2,36 е средната оценка коа на скала од 1 до 5 граѓаните му ја дадоа на квалитетот на јавното здравство, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 

Според него, 29,9% од анкетираните на јавното здравство му дале единица, оценувајќи го квалитетот како многу лош. Дополнително двојка дале уште 24,8% од анкетираните а тројка, 26,3%. Јавното здравство четвртока добило од 8,9% од анкетираните додека 3,3% го оцениле квалитетот на јавното здравство со одличен пет.

Интересно што е како многу лош квалитетот на здравството во најголем процент го оцениле граѓаните од скопскиот регион и покрај тоа што во главниот град се наоѓаат и најголемите здравствени установи.


Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.