Македонија
4. October 2019 - 18:33

Детенце се бори за живот откако се сруши балкон во Скопје

Тригодишно дете е во критична состојба откако се сруши балкон вчера во скопската населба Даме Груев во Ѓорче Петров.

Детето кое седело на терасата со своето братче и сестриче на возраст од шест и две години, како и својот татко, се здобило со тешки повреди на мозокот откако терасата без ограда во еден момент се срушила, пренесе Слободен Печат.

Тригодишно дете е во критичина здравствена состојба, поради сериозни повреди на мозокот. Тоа е на болничко лекување во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

– Детето има сериозни оштетувања на мозокот, се бориме да преживее, велат од КАРИЛ за Слободен печат.

Полицијата работи на случајот.