Детето е кожа и коски, а има огромен стомак: Семејството очајно бара помош, ниту јаде, ниту пие

Шаханур Алам (7) од Индија има стомак кој ја надмина големината од две фудбалски топки. Поради тоа е неподвижен, а на неговите родители им е потребна финансиска помош за да можат да му помогната на несреќниот син кој секој ден се бори за живот. Детето не може да оди поради тежината на својот стомак, а се што ќе изеде набро потоа и го повраќа. Лекарите велат дека операцијата е единствениот начин за да се одржи во живот, а таа чини 2.800 евра. Отокот е предизвикан од двоен плеурален излив кој предизвикува големо зголемување на течноста.

Шамела и нејзиниот сопруг Салим-уд- Дин, кои едвај составуваат крај со крај, ја повикуваат владата да им помогне за да го спасат животот на својот син единец.
-Тој живее со екстремни болки. Не може да оди, не јаде. Ние го храниме со ориз, но повраќа секој пат. Погледнете го, кожа и коски. Стомакот му е се поголем и погоклем. Се плашиме дека ќе го изгубиме зако не добие некоја помош, вели мајката на ова несреќно дете. Родителите живеат во надеж дека се ќе биде во ред.
-Немаме пари, но се надеваме дека владата и луѓето ќе ни дадат помош, додав таа. Оваа двојка го посвои Алам кога имал само седум месеци. Имаат и биолошка ќерка, а нивниот син бил здраво бебе и биле пресреќни што го имаат.

Се се промени пред две години кога Алам им се пожали на родителите дека има болки во абдоменот. Набро неговите родители сфатиле дека има сериозен проблем зошто неговиот стомак почнал ненормално да расте. Ниту еден доктор не можел да утврди точно за што станува збор, а дијагноза едноставно немал. Наместо тоа родителите ги испратиле дома и им дали лекови против болка, меѓутоа ефекти немало. Плеурални излев е надоградба на течноста во белите дробови, а тоа може да биде симптом на рак.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
