Детски лирски треперења во Охрид

Во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, од 26 до 28 мај во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид, по триесет и осми пат ќе биде одржана традиционалната поетска манифестација „Детски лирски треперења“ и „Недовршен расказ“ од областа на сообраќајот и екологијата.
На оваа литературна средба ќе учествуваат и петмина млади есеисти од втората книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“ (наградени на конкурсот „Есеј во есен“).
На 38. Детски лирски треперења ќе гостуваат четириесетина талентирани млади литерати од голем број основни училишта од земјава со своите ментори-наставници, а поетските и прозните текстови ќе бидат објавени во заедничкиот алманах „Крајезерски бранувања“.
Учениците и менторите ќе добијат дипломи, а поетското дружење ќе го збогатат и познати писатели за деца и млади, меѓу кои и Киро Донев, Горјан Петревски, Ванчо Полазаревски, Ксенија Трајчева, Виолета Ѓуровска и други.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
