Детско игралиште во дворот на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово
Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово доби ново надворешно игралиште, донација на здружението на граѓани „Ротари клуб“. Покрај реквизитите за игра на децата, во дворот на центарот се посадени и 20 дрвја.
– Монтирани се две нишалки и една лизгалка за деца, поставени на гумена заштитна платформа за да се избегнат повреди на децата кои одат во дневниот центар. Се надеваме дека со ова ќе има можност децата повеќе да бидат на отворено и да се радуваат. Минатата година го реализиравме внатрешното уредување на овој центар и годинава успешно го завршивме детскиот парк, истакна Меваип Абдиу од „Ротари клубот“.
Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Дарко Обадиќ, истакна дека ваквите проекти се добредојдени.
– Се создава подобра околина за децата и нивната дневна грижа и внатре и надвор од овој центар, се надевам дека ќе имаме повеќе инвестиции, рече директорот Обадиќ.
Дневниот центар во Тетово функционира од 2000 година.
Ново на Сител
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија