Девет случаи на „вратен“ коронавирус се регистрирани во Италија

Девет случаи на „вратен“ коронавирус се регистрирани во Италија.
Станува збор за пациенти кои биле отпуштени од болници со негативен резултат по третманот и кои подоцна се разболеле повторно со Ковид-19 или имале поблаги симптоми на зараза. Оние со поблаги симптоми се лекуваат дома преку видео надзор од страна на медицински лица, а оние со потешка форма наболеста се препраќаат во болница. Случаите се пријавени во провинциите Лоди и Кремона во Ломбардија, една од најтешко погодените од епидемијата од февруари.
Во исто време, италијанскиот Министерски совет соопшти дека во фаза два, пет милиони тестови ќе бидат извршени во Италија во наредните два месеца, објави Република. Исто така, планираат да има повеќе клиники за лекување на пациенти со Ковид-19, со планови да има по една клиника на милион луѓе. Гувернерите на окрузите ќе одлучат каде се наоѓаат овие клиники.
Исто така, предвидено е зголемен број кревети во единиците за интензивна нега и кај заразни болести и пулмонални одделенија.
На почетокот на епидемијата, Италија имала 5.179 места во единиците за интензивна нега, а сега има 8.407 места, потсетува Република.
Втората фаза, исто така, ќе ги анализира резултатите од 150.000 извршени тестови за да се види до кој степен се шири коронавирусот во Италија.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
