Девет сообраќајки во Скопје, шест лица полесно повредени
Шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во текот на изминатото деноноќие. Во четири сообраќаки е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера санкционирала шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.
Денеска во 12 часот вработените во МЗТ Леарница ќе одржат мирен протест на улица „11 Октомври“ пред Собранието на Република Македонија и пред Дирекцијата на УЈП. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
-
Состојба на патиштатa
-
Студено со појава на магла по котлините