Деветнаесет земји-членки на ЕУ сакаат забрана за ГМО

Две-третини од земјите-членки на Европска унија можат да забранат одгледување на генетско модифицирани култури на своја територија, објави денеска Европска комисија, пренесува БТА.
- Барањата на 19 земји-членки се примени од компаниите, изјави портпаролот на ЕК, Енрико Бривио, додавајќи оти ќе биде преразгледано географското ширење на ГМО.
Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Холандија, Полска и Словенија сакат да забранат ГМО, додека Германија побарала ограничено право на изклучување на ГМО испитувањата, а Данска и Луксембург сакаат да забранат само четири ГМО култури. Белгија и Велика Британија сакаат да забранат ГМО само на некои делови од нивната територија.
Околу 85 проценти од ГМО културите се одгледуваат само во четири држави - САД, Бразил, Аргентина и Канада, што заедно претставуваат само три отсто од земјоделското земјиште.
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
