-->
-->
Девојки фатени како крадат во шопинг центар во Скопје
-->

Две девојки направиле план како да си ја подноват гардеробата без за тоа да се потрошат пари.
- Девојките во детали скроиле план, одбрале облека, успеале да ја скријат, но при обидот да ја напуштат продавницата каде што "пазареле", биле запрени и фатени за кражба.
Планот останал јалов бидејќи, при планирањето не предвиделе дека можат да бидат забележани од физичкото обезбедување. Приказната е вистинита, објавена на страницата на една агенција за обезбедување.
-Кражбата е евидентирана дека се случила вчера во бутик лоциран во скопски шопинг центар. Во 20,40 часот, физичкото обезбедување телефонски го контактирало дежурниот оперативен центар, барајќи во објектот да се прати патрола.
Обезбедувањето побарало асистенција од патролно, сомневајќи се дека две женски лица кои подолго време се задржале во бутикот со себе носеле голема торба во која најверојатно криеле облека, која имале намера да ја украдат.
Сомневањето на обезбедувачот се покажало вистинито. Одговорното лице од бутикот во присуство на патрола извршиле проверка на торбата по што било констатирано дека облеката е од бутикот бидејќи на истите се уште стоеле алармните уреди.
Девојките со себе имале торба од алуминиумска фолија и истата најверојатно била специјално изработена со цел да го оневозможи уредот да се активира и алармира дека од бутикот се изнесува стока. На овој начин девојките се обиделе да изнесат поголема количина на облеката без да ја платат
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
