Дежурни пунктови за деца во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.
Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите ќе работат од 8 до 23:30 часот.
Во пунктовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Клиниката за детски болести и Детската болница Козле и по потреба потешките случаи и оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две јавни здравствени установи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
