Дезинфекција на катните гаражи, социјалните згради и подружниците на АДСДП
АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП)-Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на четири катни гаражи со кои стопанисува – „Кресненско Востание“, „Разловечко Востание“, „Солунски Конгрес“ и „Смилевски Конгрес“.
Како што соопштија од друштвото, дезинфицирани беа заедничките простории – скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење. Ваква акција, додаваат, ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.
– Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради (вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата. По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите. Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 подружници на АДСДП, се вели во соопштението.
Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот Ковид-19.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените